Австралиски весник се извини за „тотално грозна“ карикатура за пожарите во Грција

461

Единствениот дневен весник во градот Аделаида, Јужна Австралија, се извини за карикатура наменета за пожарите во Грција, која е опишана како „тотално грозна“ од локалната грчка заедница.

Карикатурата од Још Валдман, објавена во вчерашното издание од „Адвертајзер“, покажува антички грчки војници како го гаснат огнот користејќи керамички вазни, со насловот „Уште една грчка трагедија“.

Грците го нападнаа „Адвертајзер“ преку социјални медиуми поради бесчувствителната карикатура.

– Каде е политичката коректност во овој случај, или не се бројат грчките жртви? Ова е вистинска трагедија – напиша еден корисник на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...