Манџукиќ не сака да игра во Борусија Дортмунд

Манџукиќ е решен да го задржи своето место во Јувентус, со кого има договор до 2020-та.

363

Напорите на Борусија Дортмунд да го привлечат Марио Манџукиќ најверојатно ќе завршат со неуспех.

Според „Билд“, на крајот од минатата недела, Хрватот им соопштил на „жолто-црните“ дека не сака да се пресели во тимот.

Причината е дека по силното претставување на Светското првенство, Манџукиќ е решен да го задржи своето место во Јувентус, со кого има договор до 2020-та.

Борусија се обиде со сѐ за да го убеди напаѓачот, откако преговори со него водеше советникот на клубот Матијас Замер, кој работеше заедно со Манџукиќ во Баерн.

На тој начин, Дортмунд продолжува со потрагата по нов напаѓач, со ризикот да ја започне новата сезона без големо име во првите редови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...