Музејот на ВМРО не е ниту света, ниту важна, ниту битна работа, туку е само еден од многуте музеи во Македонија, рече историчарот д-р Александар Литовски, пренсе apla.mk, откако на Собраниската седница за пратенички прашања, пратеникот Влатко Ѓорчев, вчера од говорница му се закани на Литовски, но и на останатите членови на Работната група задолжена за преиспитување на општествената и стручната оправданост за постоење на Музејот на ВМРО.
Ѓорчев рече дека музејот е света работа и оти она што ќе го направат министерот и работната група еден ден може да биде дел од поставката на Музејот на ВМРО.
Литовски возврати дека семејните работи се финансираат со семејни пари.
– Музејот на ВМРО ниту е света, ниту важна, ниту битна работа, туку е само еден од многуте музеи во РМ. Згора на тоа, онака како што е направен без поширок национален консензус и без доволно стручна музеолошка издржаност, тој сосема сигурно не придонесува за национално единство. А ако некој го сфаќа како „емотивна“ и “семејна работа“ тогаш него можеше да го гради и сервисира со семејни финансиски средства, а не со државни пари – вели д-р Александар Литовски, истричар.
Целиот текст може да се прочита ТУКА.