Загадувачките супстанци во воздухот од печката за согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ не ги надминуваат просечните вредности, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.
Како што е соопштено, извршен е увид во интерниот мониторинг на емисијата на гасови од оџакот на печката за согорување медицински отпад.
„По добиените резулатти од акредитираната лабораторија од шести јуни и четврти јули годинава од извештаите од мерењата на јаглероден моноксид, јаглероден двооксид, азотни оксиди, сулфурен двооксид и прашина, емисиите не ги надминуваат просечните вредности“, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.