Во Скопје денеска ќе бидат отворени малите групни домови за децата од Јавната установа „25 Мај“.
Отворањето официјално ќе се одбележи во групниот дом во населба Влае.
Ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставникот на канцеларијата на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, како и претставници од партнерски институции и граѓански организации.