Заев ги повика пратениците да ги одблокираат законите за медиуми и за ААВМУ

186

Зборувајќи за реформите што се преземаат во сите сфери пред почетокот на преговорите со ЕУ во јуни 2019, премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања го повика Собранието да се одблокираат законот за медиумите и законот за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

– Апелирам час поскоро тие закони да се одблокираат. Затоа што самите закони предвидуваат двотретинско одлучување во делот на органите на управување – програмскиот совет, главен директор… – рече Заев, нагласувајќи дека треба многу да се работи на реформите, критериумите и стандардите.

Реформите во јавната администрација треба да ја департизираат и да доведат до нејзина поголема професионалност. За правосудството првата фаза е помината во Собранието и тој очекува втората фаза да биде заокружена наесен.

– Во тој втор исчекор треба сериозно да се зајакне одговорноста при носење судски или обвинителски одлуки – истакна премиерот.

Во однос на реформите во безбедноста Заев очекува овие денови да се постигне договор за директорот на Оперативно-техничката агенција-ОТА кој се гласа со две третини од пратениците.

– Тоа ќе биде прв чекор кон создавање независна институција која ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата – додаде Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...