Заев: По случајот Нешковски зарем некој би си дозволил да прикрие убиство

222

Сите извлековме поуки од минатите години, од самостојноста на државата и редно е да се унапредува ова наше заедничко општество како одговорност на власта, на опозицијата и на сите етникуми во државата. Мора да внимаваме сите, случаите се водат транспарентно, а опозицијата е гласна таму каде што мисли дека има слабости, и тие да се коригираат. Владата знае да се повлече кога треба. Само ваквите процеси ќе ја позиционираат Македонија и во безбедна и во надежна држава, тоа што го очекувата граѓаните од нас.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на седницата на која се поставуваат пратенички прашања.

– Зарем некој сака по поуките со Мартин Нешковски да прикрива убиство во државата. Зарем некој би си дозволил ваква работа. Денеска има обвинение за убиство со умисла и апсолутно се носат одлуки за пример и по ваквите случаи. Влијае и нашата дебата, како и ние се однесуваме и дали се трудиме од вакви чувствителни случаи да добиеме политички поени или не и какви пораки испраќаме. Влијае и запалување свеќа од политичар при вакви случаи – рече Заев одговарајќи на партеничко прашање од Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за јавната безбедност.

Заев рече дека најголем дел од раководните структури во МВР не се променети зошто се професионалци. Таму, како што рече, има 427 раководители на сектори, одделенија и сметаме на нивните капацитети.

Премиерот потсети дека се спроведоа повеќе акции за да гарнтираат поголема јавна безбедност и додаде оти има сериозни резултати кои се видливи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...