На поканата на Агенција за иселеништво за отворање на сесија на Летната школа за изучување на македонски јазик, наменета за децата на иселениците, годинава наместо македонски, пишува мајчин јазик, објави порталот Ако.
На десеттата Летна школа свои обраќања ќе имаат директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и директорот на музеј на Македонија, Гордан Николов, стои во поканата.