Заев не им дал на „Мамас“ да аплицираат за грант, Рангелова смета дека згрешил

3012

Не сакам да ми одговорите и да ми кажете како било во времето на ВМРО-ДПМНЕ, затоа ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, учете од туѓите грешки, му рече пратеничката Даниела Рангелова на премиерот Зоран Заев, поставувајќи му прашања во врска со распределбата на грантовите за компаниите.

– Дали во СДСМ нема други луѓе кои можат да ги заменат. Вие викате „се откажаа“. Што ќе се случеше ако ова не излезеше од јавноста? – праша, меѓудрого, Рангелова, повикувајќи се на изјавата на Заев дека ако бара оставки ќе нема луѓе со кои да работи Владата.

Заев посочи дека нема неправилности, но оти функционерите се откажаа од апликациите поради етичкиот кодекс, кој според него, е и најважен.

Премиерот во неговиот одговор спомена и дека не им дозволил на неговите родници кои го произведуваат ајварот „Мамас“ да аплицираат за пари од државата.

Рангелова му се заблагодари на искреинот одговор и му посочи дека згрешил што не им дозволил на роднините да аплицираат.

– Ценам кога некој искреино зборува. Не сте во право кога не сте им дале на роднините да аплицираат за ајварот зошто вие таму не сте сопственик – рече пратеничката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...