Десетгодишно девојче било нападнато во близина на зградата во која живееле, била нападната од маж, кој ѝ се доближил и со нож ѝ нанел неколку исеченици.
Откако напаѓачот бил удрен од девојчето, го напуштил местото на настанот.
Ова лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот, во кој незабележано влегло и ја допирало по телото. По преземени мерки во Полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи дека го нападнал девојчето и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола.
Се работи на целосно расчистување на случајот.