Разбојници му влегле дома, го обрабиле и проболе со нож

481

Момче на 20-годишна возраст од Скопје пријавило во поиција дека во неговиот стан во Скопје влегле три лица со фантомки.

До моментот на пријавата лицата насилно го држеле во станот, a при излегување од станот едно од лицата со остар предмет му нанелo убодна рана.

Оштетениот во пријавата посочил дека одземен му бил лап топ, мобилниот телефон и пари, по што  лицата го напуштиле местото на настанот, а оштетениот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...