Клиниката за хематологија ги известува сите свои пациенти и корисници на услуги дека поради реновирање, амбулантите и шалтерот времено ќе бидат преместени.
Од 1 август 2018 натаму амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот „Машки оддел“.
Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети.
По завршувањето на градежните работи Клиниката навреме ќе извести за повторното ставање во употреба на постојните просторни капацитети.