Милошоски бара класифицирани информации за преговорите, Димитров претплазлив

Сѐ што ќе излезе во нашата јавност ќе се пренесе и во грчката јавност и таму може да им ја отежниме работата и за мене е многу поважно процесот да успее и да има резултат отколку јас денеска да излезам победник, а сите да излеземе поразени по крупната тема, порача министерот.

2335
20150915 Tuesday 1311 sobranie pratenici Antonio Miloshoski Milososki
И покрај двата обида, денеска не се оддржа седницата на собраниската Комисија за надворешни прашања, на која излагање за остварување на меѓународната политика требаше да има и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Новата седница е закажана за утре.
Денешната седница се одложи откако претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, побара пратениците кои имаат безбедносни сертификати да ги добијат класифицираните материјали што како Комисија ги побарале и ги добиле од Претседателот на РМ, бидејќи, како што кажа, тие се многу битни и значајни за надворешната политика и се однесуваат на ставовите на власта и министерот за надворешни работи во врска со преговорите за името со Грција, што е точка на дневниот ред.
Тој ги обвини власта и претседателот на Собранието Талат Џафери дека забраниле овие материјали да бидат доставени до пратениците и оти тоа говори дека се обидуваат нешто да сокријат. Потенцира и дека материјалите се однесуваат на две средби што се одржале кај претседателот на државата во врска со преговорите за името со Грција во јануари и мај, на кои како што рече, министерот имал различни ставови.
– Криењето на материјалите од пратениците отвора сомнежи дека власта се обидува нешто да сокрие – рече Милошоски и додаде дека седницата ќе почне откако материјалите ќе бидат доставени до членовите на комисијата.
Министерот Димитров, кој немаше можност да говори пред Комисијата, во изјава за медиумите истакна дека во сите преговори има и преговарачки тактики, има позиции, но оти нема намера сега да говори за тоа за да не му наштети на целиот процес и постигнатиот Договор.
-Ако се сеќавате, во јавноста од другата страна имаше информации за непреведливо име, за споено име… Секогаш кога се движите кон компромис двете страни се движат. Мене ми е тешко на ова да одговарам, токму затоа што тие е класифицирани. Ние сме во еден деликатен процес. Сѐ што ќе излезе во нашата јавност ќе се пренесе и во грчката јавност и таму може да им ја отежниме работата и за мене е многу поважно процесот да успее и да има резултат отколку јас денеска да излезам победник, а сите да излеземе поразени по крупната тема – рече Димитров.
Ќе дојде време, рече, ќе се деквалифицираат сите работи.
– Во секое време сум подготвен за дебата, за секој материјал, бидејќи и таму и тука и пред Грците сум еден ист отворен и многу сериозно вложен во овој процес – рече Димитров.
Тој додаде дека за тоа како се води надворешната политика говорат постигнатите резултати, патоказот за ЕУ, поканата за члентво во НАТО, постигнатите договори со Бугарија и Грција, како и посочувањето на Македонија од страна на меѓународната заедница како светол пример во регионот.
Претходно на почетокот на седницата пратениците од страна на власта ги обвинија Милошоски и опозицијата дека со неделовнички потези прават театар за да го тргнат вниманието од состојбите во паријата.
Посочија дека неделовнички се сака овие материјали да се наметнат за денешната седница.
– Доколку сакате навистина дебата, закажете посебна седница и ќе разговараме отворено и контруктивно – посочија пратениицте од владеачките партии.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...