МЗТ Скопје се засили со искусниот Иванов

137

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) – МЗТ Скопје Аеродром соопштија дека потпишале договор за една година со хрватскиот интернационалец Иве Иванов.

Иванов (32 год, 200 см) е поранешен играч на Задар, каде што мина вкупно седум сезони во три наврати. Хрватот настапуваше и во дресот на Крка. Минатата сезона тој настапи на 21 средба во регионална АБА-лига во дресот на тимот од Задар и постигнуваше во просек 11,2 поени и 4,7 скока.

Иванов е третото странско засилување за тимот од Аеродром ова лето по Американецот Лестер Медфорд и Србинот Андрија Бојиќ.

Ангажиран беше и младиот Виктор Исајловски (17) и тоа со петгодишен договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...