Изненадувачка одлука на раководството на Баерн за наследник Хајнкес

633

Германскиот шампион Баерн веќе размислува за наследник Јуп Хајнкес, а името кое се врти во германските медиуми е во најмала рака изненадување за фановите на клубот. Се работи за тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх. Според „Билд“, двете страни веќе спровеле првични разговори во февруари.

Како што е познато, 72-годишниот Хајнкес има договор само за крајот на сезоната и не сака да го обнови. Тој постојано вели дека му недостига неговата сопруга и омиленото куче. Затоа, по крајот на сезоната, сегашниот тренер на Баерн ќе се врати на неговата фарма во регионот Нидереин.

Самиот Хајнкес го препорачал 52-годишниот Штрајх како негов наследник. Тренерот на Баерн го пофалил неговиот колега пред натпреварот помеѓу двете екипи на „Шварцвалд Стадион“.

– Ми се допаѓа неговиот стил на работа и како ги третира играчите. Тој нема само физичко присуство туку и психолошко и лично во соблекувалната. Кристијан е неверојатен тренер. Тој 23 години работи во Фрајбург и цело ова време е навикнат да прави конкурентен тим во тешки услови, бидејќи поголемите клубови му ги земаат најдобрите играчи. Сепак, тој успеа да го одржи нивото на својот тим во Бундеслигата – призна Јуп Хајнкес.

Самиот Штрајх не крие дека би можел да размисли за варијанта да работи за друг германски клуб. Во интервјуто за „Ди Велт“ во 2013 година, тој рече: „За две или три години можеби ќе бидам во Минхен!“

Но, тогаш тој имаше во предвид Минхен 1860а, а не Баерн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...