Затвореник во Казнено поправната установа Идризово е најден мртов вчера во 15 часот.
Осуденикот М.Д.(34) од Тетово во ќелија бил пронајден во безсознание. Со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде лекар констатирал смрт.
Телото на починатиот било дадено во судска медицина за обдукција.