Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE–Хрватска, во насока на развој и заштита на домашните компании и нивното деловно работење им нуди можност да се стекнат со Бонитетен извештај преку кој секоја компанија може да го провери актуелниот деловен или потенцијалниот деловен партнер. На тој начин компаниите добиваат сигурност и гаранција за рејтингот на странската или пак домашната компанија, обезбедувајќи на тој начин стабилен потенцијален партнер во услови на развивање пред сѐ на извозната мрежа на своето производство. Бонитетниот извештај обезбедува информации со кои се прави проценка на потенцијалните деловни партнери, а истовремено се врши и категоризација на купувачите врз основа на нивната кредитна и платежна историја.
Сепак оваа поволност не е врзана само за потецијални партнери од странство, туку македонските компании може да бараат бонитетен изветај и за партнери во нашата земја.
Постојат четири причини поради кои компаниите треба да побараат бонитетен извештај, а тоа се:
• Се добиваат последно обработени, најнови информации за деловните партнери;
• Се следи и кредитниот рејтинг на компаниите кои сакаат да го проверат и нивниот максимално препорачан кредитен лимит;
• Има можност за проверка на потецијалниот партнер и он лајн;
• Може да се обезбеди кредитен рејтиг и бонитет на компанија во вкупно 200 земји во светот.
Бонитетниот извештај е поделен во неколку сегменти во чии рамки компаниите ги добиваат следните информации:
• Деловен извештај – претставува сигурен извор на информации и може да им помогне на компаниите да формираат мислење за деловноста, профитабилноста и стабилноста на потенцијалните партнери. Овој дел на извештајот содржи детални информации за деловните активности на компанијата која е предмет на анализа, објектите на компанијата, раководството и поврзаните друштва, историјата и финасиските показатели на компанијата.
• Финансиски извештај – опфаќа двогодишна анализа на компанијата, истакнувајќи ги клучните показатели на бизнис насоката за зададениот период. Овој дел на извештајот вклучува и детална анлиза.
• Кредитен рејтинг – е тој кој овозможува проценка на ризикот на соработката со компанијата која е предмет на анализа. Скалата на вредност е во вредност од десет нивоа на класификација на финасиската основа во распон од многу слаби до многу јаки.Оценката го одразува(покажува) минатото и ја предвидува иднината.
Специфичност на услугата Бонитетен извештај е што:
• Дава пристап до интернет-бази на податоци кои што опфаќаат над 12 милиони компании од Централна и Источна Европа;
• Извештајот дава избор помеѓу моменталното пронаоѓање на предходно обработени онлајн извештаи или нарачка на најсвежи информации.
• Годишна ревизија од 4,2 милиони комплетни финансиски извештаи (350 милиони индивидуални финансиски извештаи);
• Информации за несолвентност поврзани со повеќе од 570.000 компании од Централна и Источна Европа со 85.000 случаи на наплата на сметки, кои се ставаат во базата на податоци секоја година;
• Извештаи кои вклучуваат кредитен рејтинг, информации за плаќања и максимално препорачани кредитни лимити;
• Силна меѓународна мрежа на партнери што овозможува глобално покривање.
• Нарачка и достава онлајн – по пат на Интернет ( во формат HTML или PDF), преку е-пошта или факс или веб услуга во структурен формат (XML)
• Избор помеѓу локалните финасиски податоци и MSFI извештаите во евра или американски долари
• Извештајот е достапен на англиски или германски јазик
• Нарачување на завршени, веќе испитани онлајн извештаи или целосно нови истражувања
Бонитетниот извештај може да претставува голема помош за македонските компании, имајќи го предвид фактот дека само во земјите членки на Европска унија има регистрирано 20 милиони компании. 99 отсто од нив се мали и средни фирми. Овие компании допринесуваат во вкупниот домашен производ на ЕУ со 75 отсто и обезбедуваат преку 80 милиони работни места.
Ваквата алатка за проверка на бонитетот и кредитниот рејтинг на потенцијаните партнери има големо значење за македонските фирми ако се има во предвид фактот дека повеќе од 75 отсто од македонскиот извоз завршува на европскиот пазар, а активно се работи на подршка и стимулирање на извоз и на други пазари во рамки на ЕУ како и на трети пазари надвор од Унијата.
Во основата на единствениот европски пазар е слоботен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал. Европската комисија со стратегијата која ја регулира оваа област, дефинирала план за остварување на потполните потенцијали на пазарот низ: овозможување на балансиран развој на заедничката економија, помош на секторот на мали и средни компании во започнувањето на нови бизниси, унапредување на можностите за бизнис и движење на работната сила помеѓу земјите, модернизирање на системот на стандардизација, креирање на транспарентен ефикасен и одржлив систем за јавни набавки, обединување на европскиот систем на интелектуална сопственост и спроведување на едиствениот пазар.
Паралелно со можноста за утврдување на бонитетот и кредитниот рејтинг, Стопанската комора на Македонија во соработката со кредитната компанија COFACE од Хрватска, на македонските микро, мали и средни компании во Македонија, им ја нуди и алатката Excellent SME MACEDONIA, што значи издавање на сертификат за деловно работење чиј печат како гаранција компаниите го ставаат на своите веб страни.
Главната цел на сертификатот е да им помогне на на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори. Сертификатот им овозможува на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата со која сакаат да соработуваат, нејзината точната веб-адреса и нејзиниот бонитет. Основата за сертификацијата е кредитниот извештај и континуираниот мониторинг на COFACE – Хрватска. Истовремено, SafeSigned ™ веб-сајт технологијата спречува печатот за квалитет Excellent SME МACEDONIA да биде копиран и користен на кој и да било друг веб-сајт.
Бенефитите за партнерите клиентите и посетителите на веб-сајтот се: помал бизнис-ризик, поголема доверба полесно, побрзо и помалку ризично донесување на бизнис одлуки. Бенефитите пак на сопствениците на сертификатот се следните: Јасно експонирана оценка на кредитното рангирање, поголем кредибилитет во очите на клиентите и бизнис-партнерите и техничка заштита од копирање на печатот на неавторизиран веб-сајт. Технолошките бенефити исто така се добро познати: проактивна заштита од крадење на идентитетот и имитирање; проактивна заштита од хакери; 24/7 мониторинг на пристапноста на веб-сајтот; нотификации за можни обиди за копирање на веб-сајтот и алармирања за губење на страници.
Стопанска комора на Македонија