Димитров ќе дава отчет за надворешната политика пред пратениците

139

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за надворешна политика и за транспорт, врски и екологија.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика ќе се најдат извештајот на министерот за надворешни работи Никола Димитров за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Македонија, а ќе бидат претставени платформите за дипломатските активности на вонредните и ополномоштени амбасадори на Република Македонија во Осло, Кралството Норвешка Серџим Мухамед, во Република Полска Васил Пановски, во Црна Гора Михајло Трпкоски и во Oбединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска.

На дневен ред на седницата е и завршниот извештај на Пајо Авировиќ вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во државата Израел, за време на извршување на мандатот (3 март 2014 година – 28 февруари 2018).

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија пак ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и измените и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, двата во второ читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...