Променливо облачно со дожд и грмежи

415
20150617 Wednesday 1347 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а  дневната од 20 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Во наредните денови дневната температура ќе биде малку под просекот за овој период од годината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...