МНР: До попладнево никој не побарал помош од нaшата Канцеларија за врски во Атина

209

МНР информира дека до 15 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во македонската Канцеларија за врски во Атина.

– Во моментов немаме официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари.

Препорачуваме државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите. Воедно, информираме дека контакт телефонот на нашата Канцеларија за врски во Атина е 0030 694 474 3071, велат од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...