По завршување на лидерската средба од 23 јули, на која не се постигна договор за референдумот и заврши со „победа„ на Мицкоски, тој „победнички„ ќе изјави дека прашањето мора да се однесува само на договорот со Грција. Ќе се обидам да бидам гласот на разумот (?!), ние ги застапуваме интересите на граѓаните и уставните норми (?!) и нашиот партиски став е јасен, а тоа е дека прашањето мора да биде еднозначно и не треба да биде повеќезначно.
Прво и основно, Мицкоски застапува партиски став доколку има, но не може да се повикува дека ги застапува интересите на граѓаните. Граѓаните се поделени благодарение на 11 годишното владеење на ДПМНЕ и Никола Груевски, па така поголемиот дел од народот во Македонија е за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со поддршка на Договорот и не ги подржува уништувачките и разорни политики на ДПМНЕ и Мицкоски, инкарниран Груевски. Второ, Мицкоски не смее да се повикува на Уставот кога неговиот патрон Груевски и Хорхе од него направија пивтија!
Што се однесува до прашањето за референдумот, Мицкоски кој е против тоа Македонија да влезе во НАТО и ЕУ со намера да го бојкотира референдумот тој да не успее, нема политичко, морално ниту било какво право да го утврдува прашањето за референдумот. Процесот околу референдумот, прашањето го утврдува оној кој го распишува референдумот, а тоа е парламентарното мнозинство. Мицкоски може да остане сам со својот став за еднозначно прашање, кога опозицијата веќе ќе го бојкотира и нема да учествува на референдумот.
Прашањето за референдумот што го најави Заев – дали сте за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со поддршка на Договорот со Грција – мора да биде на некој начин повеќезначно од едноставна причина што Договорот е услов за евро атлантската интеграција на Македонија, тие две работи се поврзани една со друга и не треба да се издвојуваат. Доколку Македонија нема потреба за членство во НАТО и ЕУ Договорот со Грција не е потребен, ниту тој ќе се потпишеше. На пример, договорот за добро соседство со Бугарија не е поврзан со евро атлантската интеграции на Македонија па кога тој би бил на референдум во таков случај прашањето на референдум би било еднозначно – прашањето ќе се однесува само на договорот.
Во случајот со Договорот со Грција, тој е поврзан со евро атлантските интеграции на Македонија, можеби подобро е да се направи инверзија на зборовите па да гласи: Дали го подржувате Договорот за името со Грција со кој Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ? Вака поставено прашањето е еднозначно со тоа што се гласа за прифаќање / не прифаќање на Договорот со Грција, а зборовите „ со кој Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ„ само до објаснуваат какви користи носи Договорот. Прашањето што го најави Заев, зборовите: „ дали сте за влез на Македонија во НАТО и ЕУ„ асоцира на двозначност со тоа што поентата на прашањето е влезот на Македонија во НАТО и ЕУ а Договорот доаѓа како второ посебно и споредно прашање. Ова не го пишувам само поради Мицкоски, замерка на прашањето имаа и други автори на колумни во смисла на повеќезначно.
Во секој случај, Владата како год да го постави прашањето за референдумот опозицијата и Мицкоски нема да се согласат, секогаш за нив прашањето ќе биде двозначно! Исто, како год да го води процесот на референдумот за опозицијата и Мицкоски тоа ќе биде недемократски процес и тие нема да го признаат референдумот доколку тој успее. Едноставно опозицијата и Мицкоски по секоја цена прикриено барат амнестија за криминалот на раководството на ДПМНЕ за предметите покренати од СЈО, па доколку Владата и Заев не се спремни за амнестија на нивниот криминал, опозицијата ДПМНЕ не само што ќе го бојкотира референдумот да не успее туку ќе ги опструира и реформите што треба да се носат во иднина.
Време е Владата на Зоран Заев да изгради соодветна политика за успешен референдум за Договорот со Грција, како и спроведување на реформите што ќе следат. Да не се повторувам со претходната моја колумна, останува опцијата да се обезбеди двотретинско мнозинство потребно за реализација на Договорот со Грција. По мое мислење, Владата на Заев треба да ја промени политиката на добронамерност спрема неразумната и безобразна опозиција ДПМНЕ со „агресивност„ и забрзување на сите предмети покренати од СЈО преку спроведување на законите.
А како да се скроти лидерот на ДПМНЕ, Мицкоски? Тој е неуморен во своите глупости, со неверојатна физичка кондиција но со малку памет. Тој во писмо до граѓаните од општина Центар потпишано од него, во кое порачува дека е време да го дигнат гласот против актуелната власт и заедно да ја направиле Македонија, стаменита, силна и непокорна! Мицкоски писмото ќе го заврши со зборовите: „ Знам дека не ме познавате доволно добро за да речете дека јас сум тој што треба да го поддржите. Јас сум само еден од вас и гледајте го на тој начин. И оттука не треба да ми верувате мене, туку барам да си верувате себеси. Затоа што јас верувам во вас. Не велам дека сме безгрешни и дека нема да грешиме, но ви ветувам дека умееме да се поправиме.„ Какво додворување на граѓаните, демек тој и граѓаните се една исто, една нераскинлива целина! А бе, какви безгрешни, Вашите гревови се со тони, нити надојден Вардар не може да ги испере! Каков морон …
Сигурно и за тоа има одговор…