Игор Спасов осуден за убиството на Нешкоски добил прекин на затворската казна

2553

Игор Спасов, специјалецот од редовите на „Тигрите“, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, е пуштен од затворот Идризово поради здравствени проблеми.

Изржувањето на затворската казна е во прекин, а тој во затворот треба да се врати на 6 август, потврди директорот на Управата за изршување на санкции, Јовица Стојановиќ.

Отсуството од затвор, нема да му биде сметано во затворската казна. Прво, тој добил 15 дена (од 22 јуни до 7 јули), но судот потоа му го продолжил прекинот.

„Во медицинскиот наод, е наведено дека актуелната здравствена состојба кај осуденото лице се следи суспектен наод на липоматозна туморозна формација која дијагностички треба да се потврди, а заради која прекинот на казната е одобрен“, соопштија од Управата за извршување санкции.

Спасов е осуден на 14 години затвор, а од нив досега отслужи околу 6.

Мартин Нешкоски беше убиен во 2011 година за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје по парламентарните избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...