Малолетник силувал малолетничка во Струмица

275

Девојче на возраст од 14-години пријавило во полициската станица во Струмица дека било силувано од 17-годишник, информираа во полицијата.

Девојчето пријавата ја направила за време на викендов, а полицијата во координација со обвинителство презема мерки за расчистување на случајот.

Струмичката полиција поднесе кривична пријава за уште еден случај за силување, кој бил регистриран пред една недела. Имено, од центарот на Струмица, 14 годишно девојче од Ново Село заедно со нејзината братучетка од Скопје, со такси возило управувано од пријавениот се упатиле кон Ново Село.

При тоа, на влезот во Ново Село братучетката на оштетената се симнала, а пријавениот продолжил со движење до паркот, каде требало да се симне девојчето, но истиот не застанал на наведеното место и продолжил со движење. На излезот од селото, пријавениот го паркирал возилото, и извршил полови дејствија над девојчето, по што ја вратил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...