Репрезентативецот на Србија, Дејан Милосављев е нов член на РК Вардар, со кого потпиша договор во наредните три сезони, соопштија од тимот.
Милосављев беше дел од репрезентацијата на Србија на ЕП во Хрватска, иако не доби шанса да брани. Тој е дел од сениорската репрезентација на Србија уште од 2015 години.
Милосављев потекнува од екипата на Југовиќ од Каќ, две сезони настапуваше за Партизан од Белград, а малку време мина и во Катар во тимот на Лехвија како позајмен играч.
Се очекува Србинот да биде достојна замена за Арпад Штербик, кој си замина од тимот по крајот на сезоната