Јункер: Нема притисок од ЕУ за решавање на името

208

Престедателот на Европската Комисија, Жан КЛод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз изјави дека Европската Унија не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името.

– Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија да изнајдат решение за прашањето за името, ангажирани се во преговори, ние не треба да интервенираме – вели Јункер.

Тој одби да одговори и на прашањето на новинарката за тоа дали е оправдано барањето на Грција, Македонија да го менува Уставот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...