Гостивар се вклучи во кампањата „Македонија ти си сончоглед“ за помош на децата болни од рак

215

Гостиварската локалната самоуправа се придружи во хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“ што ја спроведува Фондацијата „You are sunflower” со која се прибираат средства за помош на децата хоспитализирани на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ги повика граѓаните, а посебно бизнисмените да се приклучат на оваа иницијатива.

– Оваа мисија треба да се поддржи и прошири и на овие деца им се овозможи соодветен медицински третман – рече Таравари, кој во знак на поддршка на кампањата купи неколку маички со слика на сончоглед за општинските службеници.

Претседателот на Фондацијата која ја предводи кампањата, Албана Османи истакна дека е задоволна од текот на кампањата во Македонија и поддршката која ја добила во Гостивар.

– Ги повикувам граѓаните на Гостивар да нарачаат маичка и да придонесат за третманот на овие деца. Вашиот придонес ќе оди 100 проценти за овие деца – рече Османи.

Со купување маичка со слика на сончоглед, која чини 1.230 денари директно се поддржува хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“, чија цел е подобрување на условите за лекување на децата заболени од рак.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...