Покрај увидот кој го направиле екипи на МВР и обезбедувањето траги од лице место, обвинител дал наредба и за сообраќајно техничко вештачење, но и за проверка на присуство на алкохол во крвта на двајцата возачи во вчерашната сообраќајка помеѓу автобус и камион.
Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 13.40 часот на магистралниот пат Велес – Штип.
Во несреќата се лесно и тешко повредени 22 патници од автобусот. Возачот на камионот се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е испратен од болницата во Велес во Скопските клиники.