Кривична за Кумановец за криумчарење на 13 Авганистанци

90

Одделот за прекуграничен криминал и миграција Скопје, до ОЈО за гонење оганизиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Ф.З. (25) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти” казниво по член 418-б став 1 од КЗ на Р. Македонија, соопшти МВР.

Судија на претходна постапка на пријавениот веќе му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

– Според документираните сознанија од истрагата, завчера сопрено е патничко моторно возило „рено” со велешки регистарски таблички управувано од страна на пријавениот Ф.З. и при контрола на возилото пронајдени се 13 лица – мигранти, меѓу кои и три малолетни лица, инаку сите од Авганистан. Лицата се на возраст од 16 до 23 години. Укажана им е лекарска помош и со нив е извршен службен разговор, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...