И книгите…

Па, како и со спомениците, каде чарето се бара во нивната дисперзија ширум државата, нема друг лек освен истото и слично да се направи и со книгите, од кои додуша некои се обидоа да ги продаваат по половични цени, но се пробраа позрелите и поубавите, а најскапаните изданија останаа.

624

Ако е во Република Македонија најголема иновација како да се преживее од први до први, тогаш е, се чини, сосема ефемерно дали непотребно печатени милионски тиражи на книгите и понатаму ќе жолтеат, собираат прашина и пајажина во подрумите, халите и хангарите. И книгите застаруваат зар не, и книгите ги носат на отпад зар не, и книгите ги палеа на клада зар не…

Вакви и слични прашања можат да се поставуваат на десетици и стотици, но зарем има некој паметен денес и тука кој може да даде дециден и стопостотно точен одговор што да се (на)прави со веќе роденото дете, односно отпечатениот, непотребен и заборавен, односно отфрлен тираж. Точно е дека книгите се печатеа за некој добро да заработи од нив, но тој и таков бизнис заврши со чинот на нивното објавување. Би било премногу кога би се профитирало и од нивниот пласман и продажба. Доволно им беше, а и предвреме паднатите херои, очигледно, смртно се заморија. Уште кога се претвори Министерството за култура во најголема издавачка куќа во Републикава укажувавме дека идејата и концептот на реализација се сосема илузорни и погрешни, да не речеме забегани, но немаше уши тоа да го слушнат.

Па, како и со спомениците, каде чарето се бара во нивната дисперзија ширум државата, нема друг лек освен истото и слично да се направи и со книгите, од кои додуша некои се обидоа да ги продаваат по половични цени, но се пробраа позрелите и поубавите, а најскапаните изданија останаа.

Сега можеби е предоцна и за тоа: институционална распределба и распродажба на граѓаните, зашто повторно ефектот ќе биде делумен и скромен, па можеби е најдобра една голема и итна дарувачка Маоцетунговска акција и во институциите и на академските граѓани и тоа додека не е предоцна, зашто и книгите секојдневно застаруваат и отпадите се преполни, а воздухот и онака и без чад е доволно загаден.
Или, можеби сепак, Фондот за иновации ќе распише нов конкурс што да се прави со промашените владини проекти: споменици, книги, лекови, универзитети, економски зони…

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...