Фракционерите на ВМРО – ДПМНЕ барат оставка од Мицкоски и итен конгрес

1031

По вчерашниот дебакл на лидерската средба по која го видовме вистинското лице и улога на преговарачите на ДПМНЕ сега е вистински и последен момент наметнатиот лидер Мицковски да поднесе оставка, а партијата да свика вонреден партиски Конгрес, сметаат Фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Итно е потребно Конгресот на ВМРО ДПМНЕ, како највисок партиски орган, да донесе Конгресна одлука со која ќе се определи дали ВМРО ДПМНЕ и понатаму ќе функционира како злосторничко криминално здружение исклучиво за потребите и интересите на соборениот диктатор Груевски и неговата криминална „фамилија” или во иднина ќе дејствува како современа демократска и патриотска политичка партија. Последиците од едното или другото ги знаат сите искрени и чесни членови, симпатизери и приврзаници на партијата – велат од ВМРО-ДПМНЕ Демократска Фракција.

Од таму додаваат дека ВМРО ДПМНЕ е партија на народот, а не приватна партија и затоа е потребно во најкраток можен рок узурпираната партија да се врати на членството.

– 12-та година партијата и членството се заложници на непартиски и криминализирани структири. Што побрзо Мицковски поднесе оставка и се одржи вонреден Конгрес последиците по државата и партијата ќе бидат помали. Членството на партијата, мора сторого да ја почитува партиската доктрина која јасно и децидно истакнува дека:

Значењето на татковината е огромно. ВМРО-ДПМНЕ е против општество во кое „владее егоизмот на интереси“. Без нација и национална свест нема еманципација од последиците на егоизмот. За ВМРО-ДПМНЕ човечка и национална обврска е да се негува сѐ што е изворно и ни припаѓа нам: нашиот јазик, нашите обичаи, нашите песни, нашата историја, нашата илјадагодишна традиција на писменост и традициите на нашата книжевност и уметност”.
Зата бараме од Мицковски да престане да купува време, да одработува за туѓи криминални интереси и да ја срами партијата и итно да поднесе оставка, бидејќи неговата епизодна неславна улога заврши вчера. Ден порано, ден подобро за сите нас – вели ВМРО-ДПМНЕ Демократска Фракција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...