Пратениците вечерва ќе гласаат за новиот состав на Државната изборна комисија која треба да го спроведе референдумот. ВМРО ДПМНЕ го предлага Оливер Дерковски за претседател, а за член Елизабета Постоловска.
СДСМ ги предлага Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски. Кандидат за член на ДИК од редовите на ДУИ е Димире Шеху, а БЕСА и Алијансата за Албанците треба да предложат еден заеднички член.
Членовите на комисијата за избори и именувања кои вечерва одржаа седница, ја испратија листата со сите 47 пријавени кандидати за членови на ДИК до претседателот на Собранието.