Ципрас итно се враќа од Мостар, во областа Атика прогласена вонредна состојба

1655

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар, каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите во областа Атика, и итно се враќа во Атина.

Претходно, Ципрас од Босна и Херцеговина рече дека е во континуиран контакт со надлежните министри кои го известуваат за ситуацијата и изрази надеж дека пожарите ќе се стават под контрола, Тој истакна дека „загрижува фактот што во исто време се појавуваат паралелни жаришта на исток и запад“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Рена Дуру, прогласи вонредна состојба во источниот и западниот дел, односно областите каде што пожарите се уште не се ставени под контрола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...