На патниот правец Велес-Скопје пред патарина „Петровец“ од страна на полициски службеници било сопрено возило „рено“ со велешки регистерски таблици управувано од Ф.З.(25) од Куманово.
При контрола на возилото пронајдени биле 13 мигранти, меѓу кои три малолетни лица, сите од Авганистан. Ф.З. е задржан во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.