Заев инсистира на Пржинска и референдум во пакет, Мицкоски се противи

4795

Околу четири часа траат преговорите меѓу четворицата лидери на средбата која започна утрово во 9 часот.

Лидерите и нивните придружници досега направија само една пауза за кафе од половина час, а официјални информации до каде се стигнати преговорите се уште нема.

Неофицијално, преговорите запнале за различните ставови на Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Наводно премиерот попуштил и нуди пакет кој се состои од тоа власта да се согласи за пржинска влада што би значело дека 100 дена пред парламентарни избори дел од министрите и замениците ќе ги отстапат своите фотелји на технички министри и заменици од опозицијата, а за возврат ВМРО-ДПМНЕ да даде гаранција односно поддршка за успешен референдум.

Меѓутоа, според нашите информации, претседателот на опозицијата не се согласува за договор кој ќе се состои од овој пакет. Наводно, тој бара да се договорат прво за пржинска влада, а потоа да ги продолжат преговорите за референдумот.

Покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ма средбата учествуваат и претставници на ДУИ, Али Ахмети и Бујар Османи, и на БЕСА, Билал Касами и Аријанит Хоџа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...