Облачно, со дожд и ветер

486
20151020 Tuesday 1317 dozd esen vrne nevreme vrnezlivo dozdlivo loso vreme ladno tmurno

Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително потопло со сончеви периоди. Во утринските часови и во ноќта кон недела, претежно на запад и краен исток ќе има врнежи од дожд. На планините над 1.800 метри надморска височина ќе има повремен снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од три до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и значително потопло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Утринската темепратура до еден степен, а дневната ќе достигне до 11 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка. Потоа во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...