Собранието едногласно со 78 гласа „за“ одлучи измените на Изборниот законик, по скратена постапка, да ги разгледува по завршување на лидерската средба која е во тек во Клубот на пратенците.
Претходно едногласно, со 61 глас „за“ и без присуство на опозицијата Собранието ги разреши од функцијата претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка во работен однос во втор степен.
Разрешени беа претседателката Ирена Брзанова, како и членовите на Комисијата Илче Бушаревски, Борче Размоски, Влатко Сајковски, Јаготка Иваноска, Менсур Зејнули, Шериф Мемети, Благица Тодороова, Дарко Доневски, Снежана Филиповска Павлеска и Јетмир Лика.
Едногласно и без расправа, но во присуство на опозицијата пратенците ја донесоа и завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година.