Лидерите на четирите политички партии утрово пристигнаа во Клубот на пратеници, по трет пат да се обидат да ги надминат разликите. Лидерите се со истите придружници како и на претходната лидерска што се одржа во скратен состав.
Прв пристигна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи од ДУИ, а веднаш после него дојде и лидерот на партијата, Али Ахмети.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од СДСМ беше следната која пристигна на средба, а по неа дојдоа и оретставниците на БЕСА, Билал Касами и Аријанит Хоџа.
Следен им се придружи премиерот Зоран Заев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од Тања Каракамишева последен пристигна на лидерска.
Пред ваквите две лидерски во скратен состав се одржа уште една во проширен со претставници од сите политички партии кои имаат најмалку по два пратеници.
Лидерите ќе се обидат да ги успеваат разликите околу формирањето на ДИК, да се договорат за претстојниот референдум, а на маса треба да бидат ставени и Законот за влада за што опозицијата бара пред секои парламентарни избори да има пржинска влада, како и Законот за финансирање на политичките партии.