Спасовски: Има 14 кандидати за ОТА, очекувам за неколку денови да се избере директор

2553

За директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА), во која треба да се смести опремата за прислушување од УБК, се пријавени 14 кандидати, обелодени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој гостува во емисијата „Неделен печат“ со Сашо Ордановски на 1ТВ.

-Очекувам многу скоро да се најде решение за нов директор на ОТА. 14 кандидати се пријавени. Нашата цел е тоа да бидат експерти. Има потенцијал во досегашните кандидати, тоа не се политички определени лица – вели Спасовски.

Тој додаде дека за неколку денови очекува да се избере, новиот директор на ОТА. Вели дека разговарале со опозицијата, и веќе се во фаза за давање предлози за системот во следење на комуникациите.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...