Убиени 11 такси возачи на враќање од погреб на колега

2799

Вооружените напаѓачи убија единаесет таксисти во Јоханесбург кога се враќале од погреб на нивни колега, соопшти портпаролот на полицијата.

Возачите, сите од здружението Гаутенг, се возеле во минибус при враќањето од гробиштата кога од заседа биле нападнати со огнено оружје.

– Дојде до пукање. Возилото го нападнаа од заседа. Единаесет лица загинаа, додека четворица се сериозно повредени и се наоѓаат во болница – соопшти полицискиот портпарол Џеј Најкер.

– Дознавме дека станува збор за членови на такси компанијата Гаутенг. Има многу насилство во оваа област поврзано со такси услугите, но се уште истражуваме кои се напаѓачите , додаде портпаролот.

Такси превозот со минибус е најпопуларната форма на транспорт во Јужноафриканската Република, а насилството е присутно меѓу конкурентски групи кои меѓусебе се борат за доминација и профитабилни маршрути.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...