Шведска се бори со шумски пожари какви што не памети оваа држава, поради што владата во Стокхлом побара помош од Европската унија (ЕУ).
Премиерот Стефан Левен изјавил ека неговата влада работи „од минута во минута“ со цел да ги обезбеди неопходните ресурси за пожарникарите и другите ангажирани во гаснењето на околу 50 шумски пожари.
Огнот ги зафатил најмногу шумите во централниот и западниот дел на земјата, но и на далечниот север. Пожарите фатиле и дел од Артичкиот круг.
На барањето за помош веќе одговорија некои земји, како Италија и Норвешка и испратија авиони, хеликоптери и пожарникари.
Помош Швеѓаните ќе добијат и од Данска, Германија, Франција и Литванија.
На некои места е наредена и евакуација на населението.
Регионот со денови не „видел“ дожд, а температура достигна и до 33 степени Целзиусови, што не е карактеристично за скандинавскиот дел.
ФОТО: EPA/Maja Suslin