Користејќи ја маглата околу проблемот со името на земјата и договорот со Грција, Министерот за здравство Венко Филипче продолжува со истата песна објавувајќи тендери со правилата од минатото, овој пат во износ од не помалку од 35 милиони евра. Овој скандалозен тендер кој произлегува од проектот за централизирање на биохемиски лаборатории на централно ниво е многу сомнителен бидејќи победничката компанија ќе има монопол на целиот бизнис на биохемиски апарати и реагенси за период од три години, реагираат од Алијансата за албанците.
„За да биде сè уште посомнително и скандалозно е фактот дека тендерот за кој станува збор е така составен за да победник биде една сомнителна компанија која постои не повеќе од четири месеци, а е раководена од страна на млади и неискусни луѓе во оваа област, но исто така и во областа на здравството во целина. Комисијата за здравство на Алијанса за Албанците бараше овој проект да се прекине веднаш и предложи првенствено формирање на експертски групи кои ќе ги регистрираат постоечките апарати, фреквенцијата и обемот на работа на секоја биохемиска лабораторија, бројот на населението кој го покрива, бројот и квалификациите на вработените во оваа област“, велат од партијата на Зијадин Села.
Врз основа на бројните неправилности во овој тендер но и на другите скандали од почетокот на мандатот, Алијансата за Албанците бара оставка од министерот за здравство како морален чин кон населението кое добива најлоши здравствени услуги во регионот.