На граничниот премин Богородица во моментов нема поголема гужва за влез и излез од земјава и сите процедури се завршуваат за 10-тина минути.
Како што информираат од Дежурната служба на граничниот премин Богородица, поголема гужва имало во утринските часови, заклучно со 10.30 часот, кога се чекало по триесетина минути.
Тоа, како што велат, е вообичаено за периодот на летните одмори.