Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, беше најбрз на денешните квалификации за Големата награда на Германија.
Фетел постави рекорд на патеката „Хокенхајм“ и извозе круг за 1:11,212 минути, а беше за две десетинки побрз од Валери Ботас од Мерцедес и за 0,335 секунди од клупскиот колега Кими Раиконен.
Toj ќе стартува од првата позиција на утрешната трка, додека главниот конкурент Луис Хамилтон од Мерцедес ќе ја започне трката од 14-та позиција.
Актуелниот шампион поради проблеми со менувачот го заврши настапот во вториот дел од квалификацискиот циклус.
Трката за Големата награда на Германија се вози утре од 15.10 часот.