Шведска не памети вакви пожари ВИДЕО

1140

Европската Комисија објви дека ќе обезбеди дополнителна помош за Шведска додека земјата и натаму се бори со десетици неконтролирани пожари на подрачја кои опфаќаат стотици хектари земјиште.

– Комисијата постојано работи на обезбедување на дополнителна помош за Шведска откако таа земја побара од ЕУ помош во борбата со шумските пожари без преседан – изјави Комисијата преку соопштение.

Покрај воздушната помош која ќе ја обезбеди Франција, дополнителна помош ќе обезбеди Германија, Литванија, Полска и Данска преку европскиот механизам за цивилна заштита.

– ЕУ стои зад шведската влада и шведскиот народ во моментот кога тоа им е најпотребно – изјавил повереникот за хуманитарна помош и кризен менаџмент Кристос Стилианидес.

– Тоа е солидарност на дело. Тоа го очекуваат нашите граѓани од Европа – додал тој.
Шведскиот кризен штаб, СОС Аларм, соопштиле дека бројот на пожарите од 8, колку што биле активни во петокот вечерта, паднал на 44 утрово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...