Балкански танчерки од кафеани во Тетово и Гостивар завршија во полиција

293

Во пет угостителски објекти од кои два во Тетово и три во Гостивар,  синоќа била спроведена полициска акција при што биле затекнати девет странски државјанки од Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина и 24 државјанки на Македонија, кои работеле како танчерки.

МВР соопшти дека танчерките биле приведени и задржани во полициска станица за поматамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...