Кристијано Роналдо искешира 13,5 милиони евра, го плати данокот на шпанската држава и се спаси од затвор.
Тој доби условна затворска казна на две години и му беше наложени да плати 18,8 милиони евра. Поранешниот „крал“ на „Сантијаго Бернабеу“ кој во наредните четири години ќе игра за Јувентус ги негираше обвинувањата меѓутоа на крај се согласи на плати за ставање крај на процесот.
Радио „Кадена Копе“ јавува дека олеснителна околност за Роналдо бил фактот што сторениот прекршок му е прв. Процесот за затајување на данок на Португалецот се однесуваше на периодот од 2011 година до 2014 година.