Османи: ДУИ активно ќе учествува во референдумот и ќе го подржиме до крај

278

Продолжението од лидерската средба во потесен состав е закажано за в понеделник во 9 часот и се надевам дека ќе најдеме решение за стратешките прашања, што е во интерес на сите граѓани, бидејќи дури 75 отсто од нив се за членство во НАТО и ЕУ, изјави вицепремиерот Бујар Османи по средбата со дебарскиот градоначалник Ружди Љата.

Според него, секој треба да направи одредени отстапки доколку се сака да се постигне консензус, како што тоа прва го направила ДУИ, која на почеток беше против одржување на референдум.

– ДУИ активно ќе партиципира во референдумското изјаснување и ќе го подржиме до крај, бидејќи тоа е најдоброто решение за државата, што е идентичен став и на другите албански политички партии во земјава – нагласи Османи.

Според него, како главен преговорач во скрининг процесот со ЕУ токму денеска од Дебар го почнал карванот за европеизација на државата и општетството.

– Ова е моја прва теренска активност по назначувањето од страна на Владата за главен преговрач и тој карван за европеизација на државата и општетството го почнувам токму од Дебар. Тука видов дека има капацитет, капацитет има и во Владата и подготвени сме енергијата која се ослободи по добивањето покана за членство во НАТО целосно да ја насочиме кон остварување на обврските. Сметам дека нема да остави индиферентен никого и ќе бидеме дел од таа консензуална желба на граѓаните да бидеме дел од ЕУ и НАТО – рече Османи.

Тој го посети Дебар заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, како и со неколку заменици-министри.

На средбата со градоначалникот Љата разговарале за досега реализираните проекти, тие кои се во тек на реализација, како и за можностите за нови, кои ќе донесат повеќе нови работни места, поквалитетно здравство, образование и воопшто подобри услови за живот на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...