Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Ова за Нова го изјави премиерот Зоран Заев откако вчера во јавноста излегоа двата сканадолозни тендери, тој за реагенси тежок 35 милиони евра на Минисерството за здравство и дека Фондот за иновации додели 160.000 евра на сметката на Каст Инвест, компанија чиј косопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев.
– Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Не смее да има конфликт на интереси, ниту расфрлање со парите на граѓаните. Ќе ги провериме сите постапки, ако има било што неправилно или нешто што предизвикува конфликт на интереси, ќе барам ревидирање на одлуките – изјави за Нова, премиерот Заев.
Нова вчера објави дека фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, е единствена која аплицирала на тендерот за реагенси тежок 35 милини евра. Оваа фирма никогаш не работела со набавки на реагенси, а не е познато ниту дали и колку вработени има, нема никаква референца и основана е во момент кога во Министерството за здравство беше најавен големиот тендер за реагенси со кој министерот Филипче најави голема заштеда во здравството.