Во МЕПСО сѐ е исто само фотелјите и фотелјашите се менуваат

Ја користам приликата да им ги честитам новите анти-шок фотелји на директорите вклучително и на господин  Саљији и да им посакам пријатно релаксирање за скромната цена од 350 000 евра.

1192

Откако господинот  Билен Саљији „совршено“ се справи со Министерството за правда и правосудство, Владата реши да го ангажира во сферата на енергетиката и енергетскиот систем на земјата за и таму да успее да постигне врвни резултати… Или пак можеби го поставија таму бидејќи МЕПСО е една од најбогатите компании во земјата со огромни суми на пари и многубројни тендери?

Како поранешен директор  во „Комуналец“ во Врапчиште, директор во Инспекторатот за лов и шумарство и поранешен министер за правда , сега совршено ќе се снајде и во улогата на заменик – генерален директор на МЕПСО.

Во функцијата како директор на Државен инспекторат за лов и шумарство до Државната комисија за спречување со корупција, г-дин Саљији има пријавено имот наследен од родителите во Добри Дол, Гостивар, едно моторно возило и два кредити , па потребата  да се стави на ваква позиција е повеќе од очигледна.

Затоа ние од ГДУ прашуваме на каква основа, со кои професионални квалитети и способности господинот Билен Саљији успеа да ја убеди Владата дека е способен да се справи со предизвиците на МЕПСО? Или можеби неговото назначување за заменик директор е само и единствено на основа на коалиционите спогодби, политичките зделки и партизацијата на администрацијата?!

Ја користам приликата да им ги честитам новите анти-шок фотелји на директорите вклучително и на господин  Саљији и да им посакам пријатно релаксирање за скромната цена од 350 000 евра. Се надевам дека од многу работа нема да ја испотите телешката кожа. Имам чувство дека во МЕПСО сѐ е исто само лицата С.М. и Н.Г ги нема.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...