Општина Аеродром денеска почнува акција со која се уредуваат и расчистуваат паркиралиштата кои се на нејзина територија, во соработка со ЈП „Градски паркинг“, информира Општината.
Дел од комуналните служби на Општина Аеродром со службите од јавното претпријатие „Градски паркинг“, ќе ги расчистуваат и метат паркинзите зад трговскиот центар „Бисер“ и „Капитол Мол“, а акцијата исто така опфаќа и собирање паднати гранки и шут.
Службите за расчистување на паркинзите се опремени со дувалки, машина за метење и камион за собирање на собраното ѓубре.